Утрински Весник
Македонија

Наутро студено и магливо, преку ден сончево

Vreme 7.webp.webp

Времето денеска изутрина ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови.


Во Скопје ќе биде сончево со променлива облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината со умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во наредните денови ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска. Снежната покривка постепено ќе се намалува.

Можете да прочитате

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град

Куќа изгоре во Пелинце, избегната е поголема катастрофа

Порака од „Маршот за ангелите“ кон Мицкоски и Давкова: Нели ви е срам? Имате ли деца?