Утрински Весник
Македонија

Наутро студено а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност

Утринска магла и температури над просекот за овој период од годината

Денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Времето во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 17 степени.

И во петок ќе се задржи стабилно време, а за време на викендот ќе има услови за краткотраен локален дожд. Температурите ќе бидат во пораст.

Во понеделник се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и намалување на температурата.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор