Утрински Весник
Македонија

Наутро на места со појава на магла, преку денот облачно

Утрово магливо и облачно, попладне на некои места дожд

Денеска наутро на места ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе имаме променливо облачно време со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

И во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време, наутро на места со појава на магла и ниска облачност.

Според УХМР, ќе дува претежно јужен ветер, а утринските температури насекаде ќе се задржат позитивни. Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има врнежи од дожд, кои на места повремено ќе бидат пообилни, особено в недела.

Можете да прочитате

СДСМ: Итно владата да ги прифати предлог- законските решенија на СДСМ за запирање на кризата со цените

Грк се обидел да влезе во Македонија со лажна кипарска дозвола

Вработен во банка во Велес украл 4.000 евра од туѓа сметка