Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Научникот кој ја разви вакцината Спутник пронајден мртов во Москва

Научникот кој ја разви вакцината Спутник пронајден мртов во Москва
Img 7972

Рускиот виролог Андреј Ботиков, кој помогна да се развие вакцината Спутник V против корона вирусот, е пронајден мртов во стан во Москва, јавуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Андреј Ботиков е еден од 18-те научници кои учествувале во развојот на вакцината Спутник V во Националниот истражувачки центар Гамалеја.

Тој беше пронајден задавен во неговиот дом во Москва.

Истражниот комитет на Русија започна истрага за неговото убиство.

Се сомнева дека 29-годишен маж го задавил научникот со појас, а потоа побегнал од местото.

Според официјалните информации, тој наводно бил убиен од разбојник кој упаднал во неговиот дом.

Во меѓувреме, полицијата го привела осомничениот и тој ја признал вината.

Од 2014 година, Андреј Ботиков работи во Националниот истражувачки центар Гамалеја.

Тој беше во тимот на научници што ја развиваа руската вакцина против корона вирусот.

Неговата смрт дојде само две недели откако рускиот генерал-мајор Владимир Макаров наводно извршил самоубиство откако бил ослободен од должноста.

Од почетокот на војната во Украина, голем број високи руски функционери и олигарси се пронајдени мртви под мистериозни околности,пренесе курир.рс.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј