Утрински Весник
Македонија

Натпросечно топло целата оваа седмица, пролетта во декември продолжува

Meteoalarm.mk 21.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Влијанието на високиот воздушен притисок (Антициклон) продолжува  и во текот на оваа седмица. Времето ќе биде стабилно и суво со релативно ладни утра  и со натпросечно топли денови. Сепак по котлините  и по речните долини и понатаму особено во утринските  и во ноќните часови ќе има појава на магла  и на ниска облачност.

Појава на магла  и на ниска облачност особено во утринските  и во ноќните часови ќе има  и во делови од Скопската котлина.

Во сабота на 20 декември ќе има позначителна облачност  и појава на повремен локален дожд.

Што се однесува до температурите тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу и за неколку степени под нулата а прекку ден тие на повеќе места ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурата ќе се искачи и до околу 15 степени. Тоа значи дека натпросечно високите температури на воздухот за месец декември продолжуваат и во текот на целата оваа седмица.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ако ЕУ го гарантира идентитетот, нека го потврди со одлука

МВР спроведува акција на повеќе локации во Скопје и Струмица поврзана со опојна дрога

Во тек полициска акција во комплексот ОХИС, се вршат претреси во „Алфафарм“