Утрински Весник
Свет

НАТО за украинската контраофанзива: Не е лесен чекор, никогаш нема да биде

НАТО за украинската контраофанзива: Не е лесен чекор, никогаш нема да биде

Контраофанзивата на Украина против руските сили се покажа тешка поради мини и други пречки, но претпазливоста на украинските сили е точна, изјави денеска највисокиот воен претставник на НАТО. „Контраофанзивата е тешка“, рече адмиралот Роб Бауер, холандски офицер, кој претседава со воениот комитет на НАТО.

dobivaj vesti na viber

„Не треба да мислите дека ова е лесен чекор. Никогаш нема да биде така“, им рече тој на новинарите во седиштето на НАТО во Брисел. Украинските сили се соочуваат со одбранбени пречки, понекогаш длабоки и до 30 километри, додека се обидуваат да ги пробијат руските линии, рече Бауер повикувајќи се на историска споредба за да ја каже својата поента.

„Видовме во Нормандија во Втората светска војна дека на сојузниците им требаа седум, осум, девет недели за навистина да ги пробијат германските одбранбени линии. Затоа не е изненадување што тоа не оди бргу“, истакна Бауер. Сателитските снимки прегледани од ‘Ројтерс’ во април покажуваат дека Русија изградила обемни утврдувања, ровови, бариери за возила и други пречки за да го забави секое напредување на Украина.

Ставовите на Бауер се слични на оние на началникот на здружениот Генералштаб на американската армија Марк Мили, кој во петокот рече дека контраофанзивата ќе биде многу тешка, многу долга и многу, многу крвава. Бауер истакна дека украинските сили се во право што постапуваат претпазливо за да избегнат големи жртви додека ги истражуваат можните точки на пробивање.

„Тоа е исклучително тешко во ваков тип на операција. Мислам дека начинот на кој го прават тоа е за пофалба“, посочи тој. Тој смета дека не треба да се врши притисок и критикување врз украинските сили бидејќи не дејствуваат побргу.

„Ова е многу, многу тешко време за нив“, рече Бауер.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk