Справувањето со интензивниот хибриден напад го правиме заедно со нашите НАТО сојузници, граѓаните да се спокојни. Ваква е пораката по средбата на премиерот Ковачевски и владината делегација со претставници на НАТО предводени од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи.
На состанокот стана збор за актуелните хибридни закани и напади со кои се соочува Македонија, како и другите земји членки на Алијансата.
Констатитрано е дека се работи за малициозни обиди за внесување страв и немир кај граѓаните и поткопување на довербата и кредибилитетот во институциите.
Министрите имаа можност да разговараат со експертскиот тим на НАТО во насока на досега преземените мерки и активности со кои е обезбедена стабилноста и безбендоста на граѓаните и поради кои заедно со безбедносните служби ја ценат состојбата во земјата како целосно стабилна.
Се дискутираше и за поврзаноста на почетокот на воената агресија врз Укранина од страна на Русија и коинцидирањето на истата со интензивирањето со хибридните напади во региото и врз другите членки на НАТО.
Заменик помошникот генерален секретар за нови безбедносни предизвици Апатураи, нагласи дека предизвиците со кои се соочува Северна Македонија се предизвици за НАТО членките и дека Владата ниту понатаму нема да се справува сама со хибридните закани, исто како што тоа не го правела ниту досега. НАТО ќе продолжи да споделува знаења и техничка поддршка за создавањето долгорочна отпорност.
Ковачевски се заблагодари на НАТО за целата поддршка која Северна Македонија ја добива во борбата со новите безебдносни предизвици и за договорените следни чекори во зајакнување на сајбер безбедноста на дражвата.