Утрински Весник
Свет

НАТО му го продолжи мандатот на Столтенберг до 1 октомври 2024 година

НАТО му го продолжи мандатот на Столтенберг до 1 октомври 2024 година

Сојузниците на НАТО денеска се договорија да му го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, до 1 октомври 2024 година, соопштија од алијансата.

dobivaj vesti na viber

„Одлуката ќе ја потврдат шефовите на држави и влади на НАТО на самитот во Вилнус. Сојузниците му се заблагодарија на генералниот секретар за неговото лидерство и посветеност, кои беа клучни за зачувување на трансатлантското единство во услови на невидени безбедносни предизвици“, се вели во соопштението.

„Почестен сум од одлуката на сојузниците на НАТО да го продолжат мојот мандат како генерален секретар. Трансатлантската врска меѓу Европа и Северна Америка ги обезбедува нашата слобода и безбедноста речиси седумдесет и пет години, а во сè поопасниот свет, нашата голема алијанса е поважна од кога било“, рече Столтенберг.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп