Утрински Весник
Балкан

НАТО ја гради најголемата воена база во Европа на Балканот

Nato Vojska 1.jpg

Романија ја започна изградбата на најголемата европска воена база на НАТО. Трансатлантскиот блок се обидува да ги зајакне своите способности во регионот на Црното Море.

Проектот вреден 2,7 милијарди долари ќе ја прошири 57-мата воздухопловна база Михаил Когалничеану на романските воздухопловни сили, лоцирана во близина на пристанишниот град Констанца на Црното Море.

Новиот објект ќе има периметар од речиси 32 километри, ќе се простира на околу 17 квадратни километри и ќе биде дом на околу 10.000 членови на НАТО и нивните семејства, пишува Њузвик.

Еуроњуз викендов објави дека се започнати работите на основната инфраструктура на базата, како што се пристапните патишта и електричната мрежа. На крајот, изградбата на неколку нови писти се очекува да ги поддржи операциите на различни видови воени авиони.

Николае Крецу, командант на воздухопловната база, рече дека ќе има „хангари за одржување, складирање гориво, муниција, опрема, авијациски технички материјали, симулатори, капацитети за хранење, сместување – сè што е потребно за поддршка на операциите и мисиите на оваа база“.

Можете да прочитате

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил

Физички пресметки и тензии во српскиот парламент поради трагедијата во Нови Сад