
На денешната седница на Советот на јавни обвинители, едногласно беа избрани Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

За двете позиции конкурираа шестмина обвинители, Наташа Поп Трајкова, Катерина Коларевиќ, Александар Маркоски, Дејан Петрески, Зоран Маркоски и Ана Стојковиќ Димитровска.
Советот ја донесе одлуката по претходна проценка на професионалните квалификации на пријавените кандидати.
На денешната седница, обвинителите Дарко Јакимовски и Владимир Милошески беа избрани за нови обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.
Во продолжение Советот ќе ја разгледува точката за измена на годишен распоред на работа