Наставничката по математика од Англија, Холи Роус-Свини (37), беше осудена на шест години затвор поради сексуална злоупотреба на малолетно момче на кое му давала инструкции на интернет, пренесува Би-Би-Си. Полицијата во Нотингемшир изјави дека Роус-Свини договорила средба со тинејџерот во нејзиниот поранешен дом, каде што имала сексуален контакт со него во неколку наврати, иако знаела дека е малолетен.
Мајката на момчето во мај минатата година открила непримерни пораки од наставничката на неговиот мобилен телефон преку апликацијата WhatsApp и веднаш ја известила полицијата.
Во петокот, на Крунскиот суд во Нотингем, Роус-Свини призна вина за повеќе кривични дела, вклучувајќи две точки од обвинението за непродорна сексуална активност со момче и четири точки за поттикнување момче на сексуална активност.
По нејзиното апсење, полицијата пронашла инкриминирачки записи во дневникот на нејзиниот лаптоп, во кои таа детално ја опишувала злоупотребата и ја наведувала возраста на момчето. Роус-Свини изјавила дека нејзините постапки биле под влијание на долгорочна состојба на ментално здравје.
Покрај затворската казна, таа била додадена во регистарот на сексуални престапници и и било забрането да се приближува или да има каков било контакт со жртвата. Детективот Кон Кили Брингхерст, експерт за злоупотреба на деца, рече дека случајот претставува „ужасно нарушување на довербата“ од страна на некој кој требало да се грижи за „ранливо дете“.
„Наместо да го научи математика, таа цинично го користеше за да ги задоволи своите сексуални потреби“, додаде Брингхарст.