Утрински Весник
Скопје

Наскоро зонско паркирање во Автокоманда

Parking.jpg

Во скопската населба Автокоманда наскоро ќе биде воведено зонско паркирање, најави кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„ Со особено задоволство ги информирам жителите на Автокоманда дека е донесено Решение за утврдување на режим на сообраќај во Автокоманда. Со ова официјално се одобрува воведувањето на зонско паркирање – решение кое жителите на Автокоманда го очекуваат повеќе од една деценија“, рече Стефковски.


Тој додава дека во моментов интензивно се работи на изработка на проектот за обележување на улиците и поставување на потребната сигнализација, а активностите на терен ќе започнат во најкус можен рок.

Стефковски најави дека секое домаќинство ќе добие две бесплатни картички за паркирање.

Можете да прочитате

Физичка пресметка на гробиштата во Ѓорче Петров

Левица Аеродром: Експлоатација на сезонските работници во општина Аеродром

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески