Утрински Весник
Македонија

Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани

Voz.jpg

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска соопшти дека амбицијата на Владата е во следниот период да пушти возови до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани, како и да ја врати целосно линијата до Кичево.

Како што изјави Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт”, момнентно во земјава се активни пет возови за патнички сообраќај, пет локомотиви за товарен сообраќај и четири локомотиви кои се изнајмени.


-Од нула возови и локомотиви минатиот јули, сега имаме вкупно 14 на македонските пруги. Кога бевме избрани во јули лани Македонија немаше железница, немаше оперативни возови и локомотиви. По само шест месеци резултатите се гледаат. Депото низ кое прошетавме денеска во јули минатата година беше запуштено, во него не влегуваше никој, имаше темна слика, а денес вредни луѓе ги одржуваат и поправаат возовите. Споредено со четвриот квартал во 2023 година, четвртиот квартал во 2024 година во делот на товарот има зголемување за 75 проценти. Тоа е срцето на „Македонски железници – Транспорт“ зашто најголем дел од приходите доаѓат токму преку карго сообраќајот, а исто така во делот на патничкиот сообраќај, споредено, пак, трет квартал 2023 со трет квартал 2024 година, има зголемување за 36 отсто. Тоа се огромни бројки и огромни разлики, рече Николовски.

Тој претходно најави дека денеска попладне, во 16:30, ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово.

Можете да прочитате

По 2000 евра за членовите на Комисијата за проценка на штети од земјотресот во Битола, за оштетените по 12 евра

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија како балкански „нарко-центар“ наместо медицинска, марихуана за црниот пазар

Детали од тешката несреќа кај Хиподром: BMW и камион изгореа по судир, млад возач со тешки повреди