Утрински Весник
Балкан

Насилни протести во Тирана: Молотови коктели, солзавец и апсења

Albanijaprotest.jpg

Албанската полиција уапси 21 лице по вчерашниот протест на опозицијата во Тирана, кој прерасна во насилство пред канцеларијата на премиерот и зградата на парламентот. Меѓу уапсените имало седум малолетници, а демонстрантите фрлале молотови коктели и пиротехнички средства врз полициските и институционалните згради, на што полицијата одговорила со солзавец и водени топови, објави „Лајмифундит“ .

Демонстрантите, поддржувачи на опозициската Демократска партија, се собраа вчера попладне на Булеварот на народните херои пред седиштето на владата. Потоа собирот се пресели во парламентот, каде што во текот на целиот протест беа фрлани запаливи предмети, пиротехнички средства и разни тврди предмети врз полицајците и институционалните згради.

Полицијата извести дека во насилството се повредени 16 полицајци. Сите се хоспитализирани и се надвор од животна опасност. Уапсени се вкупно 21 лице, од кои седум се малолетници. Според полицијата, повеќето од уапсените претходно биле познати по учество во слични протести. Имињата на 14 возрасни уапсени се објавени, додека идентитетот на седум малолетници не е објавен.

По истрагата спроведена во соработка со обвинителството, полицијата објави дека уапсените се товарат за голем број кривични дела, вклучувајќи напад врз службено лице, нанесување тешки телесни повреди, нарушување на јавниот ред и мир, уништување имот со пожар, спротивставување на службено лице и кршење на правилата за експлозивни и запаливи материјали.

Можете да прочитате

Голема полициска акција во Србија: Снајпер, експлозив и 8 килограми кокаин кај осомничени

Учесниците на протестот на опозицијата во Тирана предизвикаа хаос, повредени полицајци и новинари

Рама за хашкиот обвинител Хаулинг: „Каков меѓународен идиот“