Утрински Весник
Свет

Населението во Кина опаѓа трета година по ред, економијата расте за пет проценти

China.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Населението на Кина е 1,408 милијарди луѓе до крајот на 2024 година, 1,39 милиони помалку отколку на крајот на 2023 година, според податоците на Националното биро за статистика, објавја кинеските медиуми.

Така, населението во Кина се намалува трета година по ред. Властите ги истакнаа демографските предизвици со кои се соочува втората најнаселена земја во светот – стареењето на населението и зголемениот недостиг на работоспособни луѓе.


Податоците објавени од владата во Пекинг ги следат трендовите ширум светот, но особено во Источна Азија, каде Јапонија, Јужна Кореја, Хонг Конг и други земји забележаа остар пад на наталитетот.

Причините во многу случаи се слични – зголемувањето на трошоците за живот ги тера младите да го одложат или откажат бракот и раѓањето деца додека се на високо образование и кариера. Иако луѓето живеат подолго, тоа не е доволно да се одржи наталитетот.

Во 2024 година, кинеската економија се прошири за пет отсто на годишно ниво – побавно од претходната година, но во согласност со целта на Пекинг за раст од околу пет проценти, помогната од силниот извоз и неодамнешните стимулативни мерки.

-Националната економија е стабилна, со одржлив напредок и нови достигнувања во висококвалитетниот развој, се вели во извештајот на Националниот завод за статистика. 

Можете да прочитате

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо

Хегсет одбива да објави видео од американскиот напад врз брод со дрога во Карибите

Напаѓачот од Бонди обвинет за 15 убиства