Утрински Весник
Македонија

Народот е гладен, цените повторно се качуваат за да се намалат – Граѓаните за последната мерка на Владата (ВИДЕО)

Market 1.webp.webp

Пред три дена Владата на Република Македонија донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговија на големо и во трговија на мало и одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и во трговијата на мало, како и ограничување на цените на осум групи основни производи.

Со оваа мерка и Владата но и граѓаните велат се надеваат дека барем одреден период ќе се стави под контрола ситуацијата со вештачкото покачување на цените на храната, иако истакнуваат дека од она што го гледаат деновиве на одредени производи повторно им се качува цената за потоа да можат да ја спуштат и да ги продаваат по иста цена.


24Инфо повторно излезе на терен и ги запраша граѓаните од прва рака колку се задоволни од цените и новите мерки на Владата.

Според нивните зборови деновиве се забележува намалување на основните прехранбени продукти како што е млекото, за кое велат до пред неколку дена плаќале по 79 денари, а сега истото се продава по 49 денари, па се чудат колкава добивка имале досега, односно колку процентна била маржата на трговците до сега.

Сите се децидни дека и со намалувањето сепак цените генерално се високи, велат луѓето се гладни, а ова намалување ќе трае кратко време, можеби до избори, а потоа велат иста песна, повторно покачување.

“Гладни сме, народот е гладен. Не се осеќа дека е поевтино. Ништо нема, ни поевтино, ни поскапо… се е исто. Едниот ден поскапи, другиот ден намали. До кога така ќе видиме”, вели еден граѓанин.

“Приметувам трговците штом слушнат замрзнување, тие одма ги качуваат цените. Еве немаше до сега банани за 80 денари. 72, 77, 65 денари толку беа… вчера гледам на едно место 80 денари, велам ајде можеби така случајно се погодило, сега влегувам во друга продавница повторно 80 денари… Значи тие се во трка со Владата”, заклучува друга анкетирана граѓанка.

Целата анкета можете да ја погледнете во продолжение:

Наталија Јосифоска

Можете да прочитате

ВРЕДИ: ДУИ да го почне ветингот од својот претседател

Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам