Утрински Весник
Македонија

Народниот правобранител: „Решенија за достоинствено домување – не присилно иселување“ по пожарите кај Вардариште

Vardarishte.jpg

Народниот правобранител побара институциите да се откажат од идеи за присилни иселувања и наместо тоа да понудат одржливи, правно засновани решенија за домување, по изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов за „силово иселување“ на ромските семејства од Вардариште по серијата пожари на локацијата.

Во реакција објавена денес, канцеларијата на омбудсманот оцени дека вакви изјави ја поттикнуваат стигматизацијата и дискриминацијата и се во спротивност со Уставот, националната Стратегија за инклузија на Ромите 2023–2030 и меѓународните обврски на државата, вклучително и Европската конвенција за човекови права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. „Ги повикуваме институциите и јавните личности да се воздржат од изјави кои поттикнуваат дискриминација и да работат во согласност со националните стратегии, меѓународните стандарди и принципите на човековите права,“ стои во соопштението.


Правобранителот посочува дека решавањето на станбеното прашање мора да биде во согласност со човековото достоинство, со дијалог и системски пристап, во соработка со локалната самоуправа, граѓанските организации и самите жители. Стратегијата за Ромите, нагласува институцијата, како приоритет ги утврдува подобрувањето на условите за живеење, легализација на живеалишта, интегрирано урбанистичко планирање и пристап до основна инфраструктура—не „раселување по кратка постапка“.

Можете да прочитате

Не е пронајдена никаква штетна материја во Црна Река

СДСМ бара одговорност од Тошковски, независна истрага и конкретни чекори-да нема нови фемициди

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, овојпат за светлата во Црн Дрим