Утрински Весник
Економија

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 54. сесија на Клубот на истражувачите

Narodna Banka.jpg

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 54. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 27 март 2025 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk,  најдоцна до 12 март 2025 година (среда).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.


На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Можете да прочитате

Откупната цена на македонското јагне се движи од 260 до 280 денари

И подкупот поскапе, 50.000 евра стартна цена

Цените на нафтата се намалија