Утрински Весник
Економија

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 50. сесија на Клубот на истражувачите

Klub na istrazhuvachite 50.png

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 50. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 28 март 2024 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 13 март 2024 година (среда).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Можете да прочитате

Ристески : Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување

СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата – ВМРО-ДПМНЕ го згази достоинството на работниците

Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток