Утрински Весник
Економија

Народна банка потпиша меморандум со Клубот Алпбах за унапредување на финансиската писменост

Potpishuva E Memorandum Alpbah 1.jpg

Преку градење партнерства и вклучување на сите заинтересирани финансиски институции, асоцијации и граѓански здруженија, Народната банка работи на зајакнување на свеста и унапредување на финансиската едукација на широка основа. За таа цел, во име на Народната банка и Здружението за поттикнување младинска соработка, промовирање мир и стабилност  ̶  МАКЕДОНСКА АЛПБАХ ЗАЕДНИЦА, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и застапникот на здружението, Марко Палоски, потпишаа Меморандум за соработка.

Со Меморандумот се предвидува Народната банка да организира предавања, обуки и работилници за финансиска едукација за членовите на Здружението, како и за различни целни групи во соработка со Здружението. Здружението ќе соработува со централната банка преку предлози за проектни активности во доменот на финансиската едукација, како и преку организација на членовите за следење на едукативните активности и на материјалите. Преку соработката и проектните активности се отвораат нови можности за младите за едукација, проактивност и иновативност.

Во 2021 година беше донесена првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска вклученост, изработена од финансиските регулатори, под водство на Народната банка. Стратегијата дава системска рамка за зајакнување на процесите на финансиската едукација и подигнување на нивото на финансиската писменост на населението. Од големо значење за процесите е зајакнувањето на координацијата и соработката помеѓу финансиските регулатори, приватниот финансиски сектор и граѓанскиот сектор. Соработката значи оптимално користење на ресурсите, постојано вложување напори и зголемена колективна одговорност во однос на поставените цели.

Можете да прочитате

Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава