Утрински Весник
Свет

Наришкин: НАТО ја подготвува Европа за војна со Русија

Screenshot 2025 10 21 114839.jpg
Dik 300x250 mk

Европските земји членки на НАТО активно се подготвуваат за можна војна со Русија, изјави директорот на Надворешната разузнавачка служба (СВР) на Русија, Сергеј Наришкин, на состанокот на Советот на шефови на безбедносни агенции и специјални служби на земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД) во Самарканд.

– Секако ги гледаме нашите европски сојузници во НАТО како се подготвуваат за војна со нашата земја. Поставена е задача брзо да се обезбедат со сите потребни ресурси за силите за одговор на НАТО, одредени за оваа намена, нагласи Наришкин.


Според него, западните сојузници почнале процес на експоненцијално зголемување на производството во рамките на европскиот воено-индустриски комплекс, како и редовни мобилизациски вежби. „Паралелно се врши перење на мозокот на населението со пропаганда за неизбежна агресија од Москва“, додаде тој.

Заменик-шефот на руската делегација, Колесник, оцени дека НАТО „прави џиновски чекори кон Трета светска војна“, предупредувајќи дека политиката на Алијансата води кон директна конфронтација со Русија.

На состанокот во Самарканд се собраа шефовите на безбедносните структури на земјите од ЗНД, кои ги разгледуваа актуелните глобални ризици, воено-политичката ситуација во Европа и последиците од ширењето на инфраструктурата на НАТО кон исток.

Можете да прочитате

Полска го предупреди Путин да не патува низ нејзиниот воздушен простор

Саркози ќе почне да ја отслужува затворската казна

Санае Такаичи стана првата жена премиер во Јапонија