Утрински Весник
Свет

Наредбата на Трамп за замрзнување на програмите за помош во странство не ги вклучува испораките за Украина

00000001 952 660x411 1.webp.webp

Наредбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за привремен прекин на помошта за други земји не ги засега испораките на оружје во Украина, изјавија претставници на Пентагон, објавија дел од американските медиуми.

Како што објаснија од Пентагон, документот се однесува само на програмите за развој, додека воената поддршка на САД за други земји како Украина, Израел или Египет ќе продолжи.


Ова значи дека остануваат во сила договорите за производство на оружје за Украина, а според програмата УСАИ (Ukraine Security Assistance Initiative), склучени од претходната администрација.

Исто така, указот на Трамп не влијае на претходно испланираните испораки од складиштата на Пентагон според програмата ПДА (Presidential Drawdown Authority) за кои објави Џо Бајден, претходникот на Трамп.

Од почетокот на руската инвазија, САД за Украина потрошиле речиси 66 милијарди долари за воена помош, според најновите податоци од Стејт департментот.

Указот за 90-дневно замрзнување на сите програми на САД за помош во странство Трамп го потпиша на 20 јануари, веднаш по преземањето на функцијата.

Тој објасни дека ваквите дотации треба да поминат проверка за усогласеност со политичките цели на новата администрација

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја погоди Турција, граѓаните известија дека бил добро почувствуван

Нетанјаху: Израелското обвинителство ја излудува земјата со бесмислените обвинувања против мене

Папата Франциско: Католичката црква за заеднички датум за Велигден