Утрински Весник
Магазин

Направете домашна салца: Вкусна зимница без конзерванси и адитиви

Tomatoes2.webp.webp

Есента дојде, па подгответе се за ниските темперстури и вкусната зимница. Во продолжение ви го пренесуваме најдобриот рецепт за салца или сос од домати на кој му нема рамен.

Потребни намирници: 5 кг домати, 100 гр листови магдонос (50 гр босилек), 2 лажици шеќер, 2-3 лажици сол, 200 мл масло и 10 гр зрна бибер. Ако сакате луто, можете да додадете и неколку лути пиперки.

Начин на подготовка: Измијте ги доматите, исечете ги одозгора и ставете ги во сад со зовриена вода да се варат 5 минути, а потоа извадете ги во сад со ладна вода. После тоа, излупете го доматот и отстранете го делот каде што е стеблото. Исцедете ги и додадете магдонос, шеќер, сол, масло, бибер и лута пиперка. Измешајте сè со миксер и варете околу 15 до 20 минути. Истурете во тегли и пастеризирајте.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста