Утрински Весник
Свет

Напад на железничка станица, киднапирани 32 лица во Нигерија

Напад на железничка станица, киднапирани 32 лица во Нигерија

Вооружени напаѓачи киднапирале 32 лица од железничка станица во јужната нигериска држава Едо, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот на таа држава.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека луѓе вооружени со пушки ја нападнале станицата, дека некои луѓе кои биле на станицата биле застрелани и дека 32 лица биле киднапирани, пренесува Ројтерс.

Државниот комесар за информации рече дека војската и полицијата ги интензивираат операциите за пребарување за да ги спасат жртвите на киднапирањето.

Нигериските железници ги затворија станиците и го суспендираа транспортот до понатамошно известување. Портпаролот на државната полиција изјави дека вооружени лица киднапирале непознат број патници кои чекале воз на железничка станица во градот Игуебен во државата Едо, јужна Нигерија.

Киднаперите „пукале спорадично во воздух“ пред да ги киднапираат патниците, но неколку граѓани останале на местото на нападот со прострелни рани, изјави тој, пренесе АП.

Овој инцидент е уште еден во низата напади на железничките станици во Нигерија. Владата на таа земја се обидува да ја запре се поголемата несигурност што ја зафати земјата во пресрет на претседателските избори закажани за следниот месец.

Иако властите ветија дека ќе ја зголемат безбедноста на железничките станици, аналитичарите предупредуваат дека силите за национална безбедност се преоптеретени, според Ројтерс.

Можете да прочитате

Зеленски: Му благодарам на Трамп за можноста да го заштити Киев за време на екстремната зима

Иран ја предупреди ЕУ: Одлуката за ИРГЦ како терористичка организација ќе има последици

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела