Утрински Весник
Свет

Напаѓачот признал дека сакал на Ненси Пелоси да ѝ ги скрши колената со чекан

Напаѓачот признал дека сакал на Ненси Пелоси да ѝ ги скрши колената со чекан

Американецот Дејвид ДеПејп, кој беше уапсен за нападот на Пол Пелоси минатата недела, изјавил на полицијата дека цел на нападот била Ненси Пелоси.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, Депejп сакал да ја земе Ненси Пелоси како заложник и да ѝ ги „скрши колената со чекан“ за да им покаже на другите членови на Конгресот кои се последиците од несовесното извршување на нивните должности, пренесува АП.

Инспекторите веруваат дека Депејп го планирал нападот однапред.

„ Вакво нешто во афект не може да се направи“, изјави претставник на полицијата, оценувајќи дека нападот е политички мотивиран.

Американските федерални обвинители го обвинуваат Депејп (48) дека во петокот упаднал во резиденцијата на Пелоси во Сан Франциско и го нападнал Пол Пелоси (82) со чекан. Нему му се заканува затворска казна до 50 години, соопшти Министерството за правда.

Пол Пелоси бил опериран поради фрактура на черепот и повреда на раката и дланките, а лекарите очекуваат целосно закрепнување, соопшти кабинетот на претседателот на Претставничкиот дом.

Можете да прочитате

Кобахидзе: Во Грузија нема да се повтори сценариото на украинскиот „Мајдан“

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо