Мажот обвинет за напад на Пол Пелоси, сопруг на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, исто така имал планови да ги нападне Хантер Бајден, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом и актерот Том Хенкс, според полицаец кој разговарал со напаѓачот.
Поручничката на полицијата во Сан Франциско, Карла Харли, пред судот изјави дека напаѓачот на сопругот на Пелоси, Дејвид Де Пап, ѝ открил список на луѓе кои биле негова мета за време на едночасовниот разговор во болницата веднаш по нападот во октомври, пишува Ен-Би-Си.
Во претходното судско поднесување се вели дека Депап како други цели именувал неколку истакнати државни и федерални политичари, нивни роднини и локален професор, но не идентификувал ниту еден од нив.
Полицајката тврди дека Депап спомнал теории на заговор кои го мотивирале да нападне
Според федералните обвиненија, Депап е обвинет за обид за киднапирање и напад. Тој, исто така, се соочува со голем број државни обвиненија, вклучувајќи обид за убиство, кражба на живеалиште, напад со смртоносно оружје, злоупотреба на старешина, лажно затворање на постаро лице и упатување закани кон јавен службеник и нивното семејство.
Депап се изјасни за невин.