Утрински Весник
Магазин

Наоми Кембел роди второ дете на 53 години

Наоми Кембел роди второ дете на 53 години

Супермоделот Наоми Кембел стана мајка по втор пат.

dobivaj vesti na viber

Британската манекенка (53) сподели фотографија од машкото бебе на „Инстаграм“.

На фотографијата се гледа како таа го лула бебето додека, се претпоставува, нејзината мала ќерка го држи за рака. Наоми го држи малото момче, но не се гледа ниту нејзиното, ниту неговото лице.

Во пораката покрај објавата, таа напиша: „Мило мое, знај дека си неверојатно ценет и опкружен со љубов од моментот кога нè удостои со твоето присуство. Вистински дар од Бога, благословен! Добре дојде Бејбибој. #mumoftwo.”

Таа претходно не објави дека чека уште едно дете.

 

Можете да прочитате

Кога е време да се фрли тавата

Дали путерот и сирењето го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања

Пет мали навики можат да ви помогнат да бидете посреќни секој ден