Утрински Весник
Македонија

Наместо во затвор – дома со електронска алка

Img 9346.jpeg

Денес го промовираме системот за електронски надзор – конкретен чекор кон похумано, поефикасно и побезбедно извршување на санкциите. Новите електронски алки претставуваат современа алтернатива на затворската казна, со која значително ќе се намали пренатрупаноста во казнено-поправните установи и ќе се обезбеди подобра ресоцијализација на осудените лица.

Наместо во затвор, дел од осудениците ќе можат да ја издржуваат казната во домашни услови, но под постојан технолошки надзор. Во управата за извршување на санкции веќе е формирано специјализирано одделение за електронски надзор кое ќе го следи движењето на лицата што ќе носат алки.


Директорот на Управата, Александар Пандов, денес од Центарот за обука во Идризово, каде што беше презентиран надградениот систем за дигитално набљудување, најави дека со овие современи помагала ќе се намали затворската популација и ќе се олабават притисоците врз капацитетите на сите 12 македонски казнено-поправни установи, кои се преполни.

Министерот за правда, Игор Филков, нагласи дека активирањето на електронските алки е чекор кон приближување до европските стандарди во извршувањето на казните. Оваа мерка, според него, не само што ја зголемува ефикасноста на системот, туку и ги унапредува човековите права – темел на едно демократско општество.

Во моментот, 60 лица се апликативни за добивање електронска алка. Постојат два начини за активирање на оваа мерка – преку иницијатива на самите затвореници, односно нивните адвокати, или преку предлог од самите затвори. Согласно позитивните законски прописи, право на електронски надзор имаат три приоритетни категории:

– Бремени жени и мајки на мали деца,

– Возрасни, изнемоштени и тешко болни лица,

– Лица со инвалидитет.

Истовремено, Министерството за правда веќе го подготви новиот предлог-закон за пробација, кој наскоро ќе биде објавен на ЕНЕР. Со овој закон се создава правна рамка за поширока примена на куќен притвор, условен отпуст и ресторативна правда – мерки што ќе се спроведуваат под буден, но хуман надзор.

Ова е само еден дел од пошироката правосудна реформа. Ќе продолжиме со јасна цел – да изградиме правосуден систем што е достапен, правичен и вистински во служба на граѓаните.

Можете да прочитате

Мајка на починато дете од Кочани за тајните средби со Мицкоски: Некрофилски ни забивте нож во грб и глодарски ни ги распарчувате скршените души

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“

Проверувајте ги сметките: УЈП почна со исплата на парите од скенираните сметки