Утрински Весник
Скопје

Наместо да се препукуваат за хаосот во Скопје, Мицкоски и Арсовска да се фатат за работа

Image 2024 08 21 105731526.png

Интегрален текст од изјава за медиуми, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје

Советничката група на СДСМ во Советот на Град како опозиција секогаш делувала исклучиво во интересите на граѓаните на Град Скопје. 

Во овие нецели 3 години локална власт на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ нашите ставови сме ги кажувале јасно,гласно,недвосмислено, транспарентно и секогаш сме имале аргументи и став зошто определени одлуки во Советот на Град Скопје сме ги поддржале, а исто така и зошто за определени одлуки не сме дале наша поддршка.

Советот на Градот Скопје го сочинуваат 45 членови избрани на фер,демократски и непосредни локални избори во 2021 година, претставени во 8 советнички групи, кои на изборите застапувале свои програми, идеи и проекти. 

Несериозни се изјавите на градоначалничката Данела Арсовска дека е блокирана од страна на сите 45 советници.Арсовска не може советниците на СДСМ и останатите советнички групи да ги става во исти кош со советниците на ДПМНЕ со кои заедно во 2021 година ја промовираа програмата “За Модерно Скопје, брзо и сигурно”. Ниту модерно ниту брзо а најмногу од се нај несигурно.

За жал, сведоци сме дека продолжува препукувањето на релација ДПМНЕ и Арсовска. Меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е виновен за колапсот во Градот Скопје.

Наместо да земат да работат, оние кои го уништија Скопје меѓусебно се препукуваат врз грбот на скопјани кој бил крив.

Ова неодговорно однесување е потценување на интелигенцијата на граѓаните, на скопјани.

Затоа СДСМ како опозиција во Советот на Град Скопје ќе продолжи да делува конструктивно и секогаш ќе ги поддржува проектите кои се во интерес на скопјани. СДСМ нема да блокира и нема да прави дневна политика од тоа затоа што за СДСМ скопјани се на прво место.

Заглавени се бројни значајни проекти, Скопје уназадува. Негласањето за НИШТО и Блокадите на советниците на ДПМНЕ, и меѓусебните опструкции прават огромна штета на граѓаните на Скопје.

Упатуваме искрен и добронамерен апел, ДПМНЕ и Асровска да ги прекинат препукувањата и да земат да работат, колку-толку, за конечно нешто во Скопје да се направи.

Наместо дневно препукување да кажат кои капитални проекти ќе ги поддржат, кои програми ќе се изгласаат и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори барем малку ја поправат состојбата во Скопје.

Недозволиво е Скопје и скопјани да бидат жртви на нивните политички хирови и бизнис интереси.

Можете да прочитате

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да престане да се крие зад институцијата Град Скопје и да ја користи како нејзин личен инструмент

Скопје утрово прв град во Европа по загаденост на воздухот – Трет во свет