Утрински Весник
Македонија

Наместо багаж, спакувал филери за лице и усни: Косовец се обидел тајно да внесе 300 парчиња во Македонија, цариниците го открија

Наместо багаж, спакувал филери за лице и усни: Косовец се обидел тајно да внесе 300 парчиња во Македонија, цариниците го открија
Dik 300x250 mk

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери „Револакс“, во вредност од 9.000 евра, извести Царинската управа.

dobivaj vesti na viber

– Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во патничкиот куфер и позади задните седишта беа откриени 300 парчиња филери за лице, во најголем дел за усни, чија вредност согласно фактурата која е пронајдена во возилото изнесува 9.000 евра, соопштува Царинската управа.

Стоката и возилото се привремено задржани, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман