Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Буково

Magla Avtopat 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Намалена видливост поради појава на магла од 80 – 100 м. има на планинскиот превој Ѓавато и до 50 м. на планинскиот превој Буково, соопшти АМСМ.

Сообраќајот во близина на Башино Село, кај мостот, од 03. 01. 2025 е во целосен прекин и истиот ќе биде во прекин подолг временски период.


Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15. 03. 2025 година.

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk