Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Magla Avtopat.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје, од 30 до 40 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50 метри на планинските превои Буково и Ѓавато, соопшти ЈП Македонијапат.

Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Можете да прочитате

Спасовски: Пратениците повеќе ги болат за СДСМ од некои во раководството

Дрвокрадци затекнати среде пустошење на шумата Плачковица

Средба на Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка, Славески