Утрински Весник
Спорт

Накагами и наредната сезона ќ евози ЛЦР Хонда

Накагами и наредната сезона ќ евози ЛЦР Хонда

Тимот на „LCR Honda“, објави дека Такаки Накагами ќе остане во екипата и следната година. Јапонецот ја продолжи соработката за нови 12 месеци.

dobivaj vesti na viber

Јапонскиот мотоциклист целата кариера во „кралската класа“, која започна во 2018 година. Негов колега ќе биде Алекс Ринс, кој пристигнува од Сузуки.

Откако влезе во најсилната категорија, Накагами од година во година напредуваше, но беше и на удар на некои возачи, особено оваа година, поради бројните инциденти. На 80 трки Јапонецот пет пати беше најдобар независен возач и шест пати заврши во првите пет. Дополнително, Накагами досега има една пол-позиција зад себе, како и четири старта од првиот ред во „кралската класа“.

Од почетокот на оваа сезона најдобар резултат на Накагами е седмото место кое го постигна двапати, на Херез и Ле Ман.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина