Утрински Весник
Македонија

НАИ реагира на одбиените приговори за првиот круг од гласањето во Гостивар

Nai.jpg
Dik 300x250 mk

Соопштение на Коалицијата НАИ:

Националната Алијанса за Интеграција (НАИ) – Општинскиот огранок Гостивар реагира по одлуката на Државната изборна комисија и Управниот суд, кои ги одбија нашите приговори за изборни неправилности во Гостивар.


По изборниот инженеринг и организираниот бојкот од страна на владејачките партии, кои вршеа притисоци и уцени врз граѓаните да не излезат на гласање, нивниот резултат беше минимален. Со само 21 глас разлика успеаја да го доведат целиот град до повторно гласање (повторување на изборите).

Иако во нашите приговори беа јасно евидентирани неправилности и наоди кои, доколку беа земени предвид, ќе влијаеја на исполнување на цензусот, изборните органи – Државната изборна комисија и Управниот суд – ги отфрлија како неосновани.

Сепак, волјата на граѓаните на Гостивар е недвосмислена.

Гостивар јасно и силно зборуваше, давајќи 16.949 гласови за кандидатот на НАИ, Валбон Лимани, со историска разлика од 13.000 гласови во однос на кандидатот на ВЛЕН.

Исто така, листата на НАИ за Општинскиот совет освои 12.750 гласови, со разлика од речиси 10.000 гласови во однос на листата на ВЛЕН, што ја потврдува големата поддршка од граѓаните и нивната доверба во нашата визија за развој на Гостивар.

Се надеваме дека Државната изборна комисија што поскоро ќе го определи датумот за повторното гласање, во согласност со законските рокови – најдоцна за 60 дена, со цел процесот да се заврши транспарентно и со демократски интегритет.

Гостивар повторно ќе проговори – уште посилно!

Волјата на граѓаните не може да се замолчи, ниту да се манипулира.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“

Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е краток и за да се цени работата на Владата