Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Награди за тимот од Кисела Вода на Меѓународна конференција за образовен кадар од регионот одржана во БиХ

Награди за тимот од Кисела Вода на Меѓународна конференција за образовен кадар од регионот одржана во БиХ
300x250 opst2

Тимот од ЈДГ „Весели цветови” и ООУ,,Св.Климент Охридски”, во периодот од 20 до 23 октомври учествуваше на престижната Конференција во Требиње, БиХ. Директорите, м-р Габриела Стојановска и Татјана Каранфиловска заедно со членовите на тимот: Клементина Петрушевска, Тања Петков и Билјана Петрушевска зедоа активно учество на настанот преку своите индивидуални и тимски постигнувања.

dobivaj vesti na viber

На образовниот саем, градинката и училиштето беа презентирани на изложбен штанд со рекламен материјал, рачни изработки, мотивациски пораки, како и изданија и фотографии од реализирани наставни активности од учениците и воспитно- образовни активности со децата од градинката.

На конференцијата тимот од градинката и училиштето се здобија со благодарници за учество на образовниот саем, сертификати за поддршка и афирмација на професијата во земјите на просторот на поранешна Југославија, диплома за најоригинални мотивациски пораки како тим „МАКЕДОНИЈА МОТИВИРА” и специјална награда со титула „НАЈДОБАР НАСТАВНИК ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА”, доделена на Клементина Петрушевска, воспитувач во градинката ЈДГ „Весели Цветови”, преку избор на кој се учествува со реализирани активности, признанија и награди од областа на предучилишното воспитание и образование за деца од предучилишна возраст, како и афирмација на професијата преку учество во проекти и настани за унапредување на раниот детски развој.

Голема е честа и привилегијата да се претставува својата татковина во регионот, а поддршката од соработниците и локалната самоуправа е од големо значење за нас, истакнаа нашите претставници. Додадоа дека нивната посветеност и успех е плод на меѓусебна поддршка, мотивација и соработка низ годините. Посебно му се заблагодарија на Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој застана зад тимот и преку најразлични проекти успешно работи на унапредување на воспитно-образовниот процес.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ