Утрински Весник
Македонија

Нагло и големо заладување во Македонија, следува снег на повеќе места

Meteoalarm.mk 56.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во овие утрински часови од денешниот ден Четврток 8 Јануари 2026 во Македонија поради продор на ладен воздух од север врнежите од снег и снежната покривка полека се прошируваат особено во западните предели од Македонија  а снежната граница полека се спушта па така во следните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег на повеќе места во Македонија  а особено во западните предели ќе се формира снежна покривка, поголема на повисоките населени и планински места и тоа со висина од 10 до 15 сантиметри, локално до околу па  и над 20 сантиметри.

Во градовите локално ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од западен и од северозападен а потоа  и од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Послаби врнежи од снег ќе има  и во Скопје  и околината проследени со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 3/4 степени. На повисоките населени и планински места температурите ќе бидат под нулата и преку ден.

Можете да прочитате

Повозрасен маж пронајден мртов во својот дом во Ѓорче Петров

Само вчера регистрирани два нови случаи на семејно насилство во Скопје

Владата одвои 60 милиони денари за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток