Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мернoто место во Битола – Битола 2.
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.
Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до Општина Кичево за епизодата на алармантно загадување на воздухот.
Исто така, согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 02.01.2023, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Кичево и Гостивар, каде престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.