Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Надал се изнамачи во првото коло, Радукану испадна од Корне

Надал се изнамачи во првото коло, Радукану испадна од Корне
300x250 opst2

Рафаел Надал со еден загубен сет избори пласман во второто коло на Ју-ес опен. Женскиот дел од турнирот остана без бранителката на титулата, Ема Радукану.

dobivaj vesti na viber

Освојувачот на 22 Грен слем титули со пресврт го совлада анонимниот Австралиец Ринки Хиџиката со 4:6, 6:2, 6:3, 6:3.

Хиџиката, кој овој месец ја забележа првата АТП победа во кариерата, ја искористи опуштеноста на ривалот на стартот од мечот и го доби првиот сет со поддршка од трибините.

Откако го загуби првиот сет Надал се разбуди, кој возврати со фуриозна серија во вториот сет за 6:2, а потоа трпеливо во продолжение рутински направи пресврт за 2-1.

Надал брзо стигна до брејк во четвртиот сет, но Хиџиката не му дозволи да го заврши мечот максимално му ја отежни работата се до последниот поен.

Тој повеќе од три часа на теренот на стадионот „Артур Еш“ го држеше овогодинешниот шампион на Австралија опен и Ролан Гарос.

Актуелната шампионка на Ју-ес опен Ема Радукану веќе во првото коло го заврши своето учество во Њујорк. Радукану испадна од Французинката Ализе Корне со 6:3, 6:3.

Бранителката на титулата првпат е елиминирана во првото коло по 2017 година, кога на стартот испадна Анџелик Кербер.

Беа видени вкупно 11 брејка, Радукану водеше со 3:1 во вториот сет, но Французинката врзаа пет гема и оствари голем триумф.

На сите Слемови оваа сезона, Корне победи најмалку едена грен слем шампионка – Мугуруза и Халеп во Мелбурн, Остапенко на Ролан Гарос и Швјонтек на Вимблдон.

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025