Утрински Весник
Спорт

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

20250625152115 big 730x400 20.webp.webp

Поранешниот шпански професионален тенисер Рафаел Надал во интервју за „Кадена СЕР“ зборуваше за својот живот надвор од турнејата.

На прашањето „Кој Рафа е подобар — надвор од теренот или на теренот?“ Надал одговори:

-Дефинитивно на теренот… Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал да го направам тоа. Не ми беше дозволено како дете, а како возрасен, не си дозволив сам такво нешто. 

Шпанецот се пензионираше минатиот ноември. 

– Дали ќе продолжевте да играте ако не беа повредите?

„Да не бев во добра форма, ќе продолжев да играм тенис, но имам 39 години. Никогаш не сум живеел со мислата дека без повреди можев да освојам повеќе Грен слем титули, истакна Надал.

Заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, Надал спаѓа во тројката која го одбележа светскиот тенис изминатите две децении.

Можете да прочитате

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1