Утрински Весник
Спорт

Надал му се налути на Мекинро за обвинувањата дека троши премногу време

Надал му се налути на Мекинро за обвинувањата дека троши премногу време

Рафаел Надал откри дека планира да зборува со Џон Мекинро, откако на прес-конференцијата по победата во првото коло на САД опен против 180-рангираниот Ринки Хиџаката главна тема беше неговото често трошење на времето при сервирање.

dobivaj vesti na viber

Надал, кој е фаворит за титулата во Њујорк во отсуство на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, беше лут кога му беше посочено дека Џон Мекинро кажал дека поминува „лесно“ кај судиите кои не го предупредуваат за оддолжувањето меѓу поените.

„Мислам дека тоа е смешно. Во мојата тениска кариера добив многу предупредувања, но никогаш за кршење рекет или правење глупости на теренот, туку само поради времето. Имам проблем со тоа што се потам многу и кога играте во вакво време. Во последните години момчињата кои носат топчиња не носат и пешкири и мораш да одиш да си земеш. Не сметам дека добивам посебен третман од судиите. Ако имам повеќе од 25 секунди добивам предупредувае. Не сфаќам зошто Џон го кажа тоа на ТВ и ќе порзговарам со него подоцна“, вели Надал.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет