Утрински Весник
Спорт

Надал ќе одмори од тенисот

Надал ќе одмори од тенисот
Dik 300x250 mk

Рафаел Надал во осминафиналето го заврши учеството на Ју-ес опен. На патот до 23. Грен слем титула беше сопрен од Френсис Тиафо (6:4, 4:6, 6:4, 6:3). По поразот, Шпанецот, изјави дека веројатно ќе земе подолга пауза, веројатно до почетокот на следната сезона.

dobivaj vesti na viber

„Немам идеја околу распоредот до крајот на сезоната. Има многу поважни работи во мојот приватен живот. Мојот приватен живот е секогаш поважен од мојата работа. Го чекам раѓањето на мојот син. Време е да се ресетирам. Ова беа многу тешки месеци“, изјави Надал за шпанските медиуми по поразот во Њујорк.

„Морам да се вратам, да ги поправам работите и не знам кога ќе се вратам. Кога ќе се почувствувам ментално подготвен повторно да се натпреварувам, тогаш ќе се вратам“, изјави Надал кој ја пропушти шансата да го обезбеди првото место на на АТП листата и му избега на Новак Ѓоковиќ по бројот на Грен слемови. Тој остана на 22, Србинот има 21.

Надал не сакал да зборува за тајмингот, односно дали планира да се врати за месец, два или ќе прави пауза до почетокот на следната сезона. Во преден план ги стави сопругата и приватниот живот. Од тенисот ќе одмори во наредниот период.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето