Утрински Весник
Магазин

Над милијарда луѓе во светот се со прекумерна тежина

516637 Shutterstock 14653003 Kf.jpg

Повеќе од една милијарда луѓе ширум светот се борат со дебелината, покажуваат глобалните проценки објавени во медицинското списание „Лансет“.

Податоците од 2022 година вклучуваат околу 880 милиони возрасни и 159 милиони деца, со највисоки стапки на дебелина во Тонга и Американска Самоа за жени и Американска Самоа и Науру за мажи, со околу 70-80 отсто од возрасните кои живеат со дебелина.

Во периодот меѓу 1990 и 2022 година, дебелината во светот кај жените се зголемила од 8,8 отсто на 18,5 отсто, а кај мажите од 4,8 отсто на 14 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето.

Експертите истакнуваат дека дебелината може да го зголеми ризикот од развој на многу сериозни здравствени состојби, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и некои видови на рак.

„Во некои случаи, имаше агресивни маркетиншки кампањи за промовирање на нездрава храна, додека цената и достапноста на поздрава храна може да биде проблем“, вели професорот Маџид Езати.

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека новата студија ја нагласува важноста на спречување на дебелината од раниот живот до зрелоста, преку исхрана, физичка активност и соодветна грижа.

Тој додаде дека тоа ќе бара работа на владите и заедниците и дека „неопходна е соработка на приватниот сектор, кој мора да биде одговорен за влијанието на неговите производи врз здравјето“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста