Утрински Весник
Свет

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

20250923075306 big 730x400 12.webp.webp

Повеќе од 12 лица се уапсени, а околу 60 полицајци се повредени во судирите што избувнаа за време на вчерашниот протест за Газа во Милано, јави Анса.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози изјави дека демонстрантите намерно ја нападнале полицијата и дека околу шеесет полицајци биле повредени.


Полицијата за разбивање демонстрации испука солзавец и се судри со демонстрантите недалеку од главната железничка станица во Милано, изјави очевидец, а италијанските медиуми објавија дека демонстрантите се обиделе да го блокираат сообраќајот на автопат во близина на Болоња.

Повеќе од 12 лица беа уапсени на протестите за Газа.

Насилството за време на демонстрациите веќе го осуди италијанската премиерка Џорџа Мелони, која напиша на мрежата X дека таквото однесување нема да ги промени животите на луѓето во Газа

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја признава Палестина како независна држава