Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, што стапи во сила вчера, предвидува повеќе од 230 Палестинци осудени на доживотен затвор да бидат меѓу ослободените во замена за 33 израелски заложници.
Израел објави список од 734 затвореници кои би можеле да бидат ослободени според првата фаза од договорот за прекин на огнот за ставање крај на 15-месечната војна во Појасот Газа, со посредство на Катар и со помош на САД и Египет.
Меѓу имињата на списокот – 296 се на затвореници осудени на доживотен затвор за извршување или учество во напади или бомбашки напади во кои беа убиени израелски државјани. Двесте триесет и шест од нив треба да бидат депортирани, главно во Катар или Турција, откако ќе излезат од затвор.
Првата фаза од договорот предвидува ослободување на околу 1.900 Палестинци затворени од Израел во замена за 33 израелски заложници држени во Појасот Газа.