Утрински Весник
Македонија

Над 22.700 членови ќе гласаат за нов лидер на СДСМ

Dsc 7665 Scaled 1 1170x828 1.jpg

Претседателката на Централната изборна комисија за внатрепартиските избори во СДСМ, Викторија Аврамоска Мадиќ во интервју за Слободен печат откри колку членови на СДСМ се регистрирани за вантрепартиските избори закажани за в недела.

„Бројката што ја заклучивме на 23 јуни за активно регистрирани членови за гласање е 22.735 членови. Тој список денеска се доставува до претседателите на општинските организации и претседателите на општинските изборни комисии, за да се проверат уште еднаш и утре во текот на денот избирачкиот список со регистрирани членови ќе оди на печатење“ рече таа.

Аврамоска-Мадиќ посочи дека СДСМ е прва партија која воведе непосредни внатрепартиски избори за претседател и овој принцип партијата не планира да го напушти.

Мадиќ објасни дека гласачките места ќе бидат во просториите на општинските организации а согласно правлиникот онаму каде што има над 1.000 регистрирани членови а тоа се Битола Куманово и Струмица, ќе се гласа на три кутии односно ќе има три избирачки одбори.

Можете да прочитате

Невреме и поплави вечерва во Тетово

Митева: Состојбата во односите со Бугарија е последица на погрешните политики на СДС 

Лукаревска: Нема никаков бенефит од задолжувањето од Унгарија, СДСМ покачуваше плати и пензии во време на кризи