Утрински Весник
Македонија

Над 216 македонци имаат бугарски пасош

5 14 585x359 1.png
Dik 300x250 mk

Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства се издадени на граѓани на Република Северна Македонија. Ова го објави министерот за внатрешни работи на Бугарија Даниел Митов, објави БГНЕС.

„Во периодот од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година, издадени се 216.594 пасоши на бугарски граѓани за кои постојат информации за второ државјанство на Република Северна Македонија“, изјави министерот за внатрешни работи.


Министерот Митов нагласува дека „основата за издавање бугарски пасош настанува со стекнувањето на бугарско државјанство од страна на лицата“. Според Законот за бугарски лични документи, пасош се издава само на бугарски граѓани. Добивањето бугарски пасош е фундаментално право на бугарскиот граѓанин, кое е загарантирано со закон и може да биде ограничено само во случаите предвидени со закон. Правните основи за издавање бугарски пасош се содржани во точка 4, став 1, член 13, став 1, точка 2, член 33, став 1 и член 35, став I од ЗБПП.

Можете да прочитате

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Обиена филијала на Бит Пазар, украден сеф со пари

Маж пронајден починат во Центар