Утрински Весник
Свет

Над 200.000 луѓе протестираа во Минхен против иранската власт

Iran zname.webp.webp

Околу 200.000 демонстранти излегоа на улиците на Минхен во знак на протест против иранската влада, паралелно со одржувањето на Минхенска безбедносна конференција, јавува TAG24.

Според минхенската полиција, бројот на учесници значително ја надминал првичната најава од 100.000 луѓе. До пладне биле регистрирани над 15.000 демонстранти, а подоцна бројката надминала 200.000. Утринава, полициски конвој кој се движел по автопатот А9 од Нирнберг кон Минхен доживеал верижен судир во кој биле вклучени шест службени возила, при што неколку полицајци биле полесно повредени.

Протестот го поддржуваа симпатизери на Реза Пахлави, син на соборениот шах од 1979 година. Тие изразија солидарност со демонстрантите во Иран, каде протестите започнати во декември 2025 година поради економски проблеми прераснаа во политички бунт што властите го задушија со сила.

Активисти тврдат дека во репресијата загинале најмалку 6.126 лица, а повеќе од 41.800 биле уапсени, со напомена дека реалните бројки можеби се повисоки. Пахлави предупреди дека обновените разговори меѓу САД и Техеран можат дополнително да ја влошат ситуацијата и го повика американскиот претседател Доналд Трамп на „брза интервенција“.

На конференцијата во Минхен присуствуваат над 60 шефови на држави и влади и околу 100 министри, од вкупно 120 земји. Форумот го отвори германскиот канцелар Фридрих Мерц, а меѓу главните теми е и кризата во односите меѓу Европа и САД.

Можете да прочитате

Пораст на измами за Денот на вљубените – 41% од спам пораките се обиди за кражба на податоци

Пет европски држави ја обвинија Русија за смртта на Навални

Францускиот министер за надворешни изјави дека Путин е подготвен да употреби биолошко оружје и проотив сопствениот народ