Утрински Весник
Македонија

Над 150 медицинари пријавени да помагаат во Турција, Сали: Јас би сакал уште вчера да тргнат

Над 150 медицинари пријавени да помагаат во Турција, Сали:  Јас би сакал уште вчера да тргнат

Над 150 доброволци кои се медицински кадар, се пријавени за да заминат во Турција да помогнат во погодените региони од земјотресот. Ова е билансот до вчера, а прелиминарниот список, ќе биде објавен денеска околу пладне. Министерот за здравство Беким Сали прашан кога ќе тргнат доброволците, вели: „Јас би сакал уште вчера да тргнат, но ги почитуваме сите протоколи за комуникација со Турција, чекаме од нив одговор што конкретно им треба за да тргнеме. Ние сме спремни“.

dobivaj vesti na viber

„Се работи за привремена поддршка на граѓаните на Турција погодени од земјотресот. Во текот на изминатиот ден објавивме повик до сите граѓани, односно целиот медицински персонал да се пријават доброволци да се упатат до регионите пр.. До вчера до 23 часот имав список со околу 150 доброволци. До кај 12 часот верувам ќе го имаме прелиминарниот список со доброволци кој ќе го дадеме на ЦУК, кои понатаму преку НАТО ќе ги известат Турција за човечки и материјални средства кои ние ги имаме“, посочи Сали.

За Турција ќе заминат и две комбиња за интензивна нега, со два тимови.

„Има список на лекови кој го обезбедивме преку компании и донатори. По потреба турските власти ќе одобрат што имаат потреба за ние да ги пуштиме кон погодените места“, додаде Сали.

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година