Утрински Весник
Балкан

Над 12 милиони странски посетители во Албанија

Albanija more 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Албанија во изминатата година оствари најголем туристички прилив досега, со повеќе од 12 милиони странски посетители. Податоците ги соопшти министерот за туризам, култура и спорт Бленди Гонџја, кој оцени дека ваквиот резултат ја потврдува „консолидацијата на земјата како туристичка дестинација преку целата година“. „За посета на нашата земја има интерес и надвор од летната сезона. Со разновидни понуди во културниот, природниот, кулинарскиот, спортскиот туризам и пошироко, ја зацврстува својата позиција на меѓународната туристичка мапа“, напиша Гонџја на Фејсбук. Тој истакна дека Албанија нуди туристички содржини во текот на целата година и дека интересот на посетителите е распределен низ различни региони.

„На југ, плажите со камчиња и бистра вода привлекуваат најголем број посетители, додека на север многу посетители се упатуваат кон Тет и Валбона. Ѓирокастро, Берат, Бутринти, Круја, Тирана, Скадар итн. се барани дестинации во секоја сезона за историски и културен туризам“, наведува Гонџја.

Според него, значителен интерес е забележан и за музеите и националните паркови, кои во текот на 2025 година привлекле стотици илјади туристи. Со рекордните бројки се пофали и премиерот Еди Рама, кој исто така преку Фејсбук објава ја истакна туристичката година.

„Албанија урива рекорд со надминување на 12 милиони посетители со странски пасоши, во текот на 2025 година“, напиша Рама. За потсетување, во текот на 2024 година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони странски туристи, што претставува раст од 15,2 отсто во споредба со 2023 година.

Можете да прочитате

Силно невреме во Западна Турција: Прекинат сообраќајот низ Босфорот и Дарданелите

Во cнежно невреме во Романија над 11.000 домаќинства останаа без струја

Голема акција во Косово: Уапсени 39 лица за измама од 1,4 милиони евра во осигурителниот сектор