Утрински Весник
Свет

Над 100 загинати во судири меѓу сириските Курди и протурските групи

20221128065530 Big 730x400 3.webp.webp

Во сè пожестоките судири меѓу курдските сили и протурските групи на северот од Сирија во последните два дена загинаа над 100 лица, пренесува ДПА, повикувајќи се на податоци од невладина мониторинг организација.

Сирискиот центар за набљудување на човековите права соопшти дека во борбите загинале 85 припадници на протурските фракции и 16 борци на Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите.


Во изминатите два дена, во близина на градот Манбиџ, Турција ги интензивира воздушните и копнените напади, вклучително и со употреба на беспилотни летала, со цел да воспостави контрола врз стратешката брана „Тишрин“. Според мониторинг центарот со седиште во Велика Британија, турската армија го гранатира регионот околу браната, која е клучна за водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија.

Турција ги смета Сириските демократски сили за огранок на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и ги прогласи за терористичка организација.

Можете да прочитате

Трудо поднесе оставка – 24info.mk

Поради зимска бура прогласена вонредна состојба во неколку американски држави

Лидерот на австриската крајна десница Херберт Кикл доби мандат да формира влада